• недела, 19 мај 2024

Италијанскиот шеф на дипломатијата пристигна во Израел

Италијанскиот шеф на дипломатијата пристигна во Израел

Рим, 13 октомври 2023 (МИА) - Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани потврди дека пристигнал во Израел, една од неколкуте европски посети на високо ниво што се очекуваат денеска.

Претходно беше соопштено и дека претседателите на Европската комисија и на Парламентот на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола, денеска ќе бидат во посета на  Израел.

Во соопштението на Комисијата се вели дека Фон дер Лајен и Мецола  „ќе изразат солидарност со жртвите од терористичките напади на Хамас и ќе се сретнат со израелското раководство“. паг/

Фото: Х (Твитер)

Остани поврзан