„Имагинариум“ - изложба со дела на студенти од графички, моден и ентериер дизајн
- Факултетот за арт и дизајн по повод одбележувањето на шеснаесеттата година од своето постоење, организира изложба на дела на студентите од графички, моден и ентериер дизајн под наслов „Имагин
![„Имагинариум“ - изложба со дела на студенти од графички, моден и ентериер дизајн](https://mia.mk/images/20221113144826_big_730x400_46.webp )
Скопје, 31 мај 2022 (МИА) - Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет по повод одбележувањето на шеснаесеттата година од своето постоење, организира изложба на дела на студентите од графички, моден и ентериер дизајн под наслов „Имагинариум“.
Изложбата ќе биде поставена вечер во 20.00 во големата хала на поранешната печатница, во просториите на Европскиот Универзитет
Идејата е преку делата на студентите да се покаже процесот на креативен развој и создавање на професионалните кадри од областа на дизајнот. И оваа година, студентите од првиот и вториот циклус ќе прикажат нови трудови и свежи креативни достигнувања од редовните наставни активности, но и од учествата на конкурси за дизајн, проектите, изложбите, модните ревии. По две изданија на годишната изложба во дигитална форма заради глобалната пандемија, овој пат се организира со физичко присуство.свс/лв/