• понеделник, 08 јули 2024

„ГалИцко“ фестивал во Галичник - планинарски и велосипедски тури, мото дефиле и кампинг

„ГалИцко“ фестивал во Галичник - планинарски и велосипедски тури, мото дефиле и кампинг

Скопје, 22 јуни 2024 (МИА) - Планинарски и велосипедски тури, мото дефиле и забава во вечерните часови со блиски соработници на ди-џеј Ицко, се само некои од содржините на третиот „ГалИцко“ фестивал што ќе се одржи денеска во Галичник.

Дел од Програмата ќе се одржува на платото пред црквата „Свети Петар и Павле“ во Галичник, а влезот за фестивалот е слободен. 

-Фестивалот ќе понуди се што му беше љубов на Ицко во едно: бегство од жешките градски улици, продолжен викенд на падините на Бистра со мирисот на мајчина душица и планински чај, звук на птици и планински потоци, кампинг простор, планинарски тури на Ицкова патека и на Меденица, како и бајк тура до Лазарополе, најавуваат организаторите.

За забавата се должени Никифор, Галоски, Мартин, Lephonq, BDM, Андреа Ковачева и Gianni Fillipo. мч/мд/ 

фото: „ГалИцко“ Фестивал

Остани поврзан