• недела, 22 декември 2024

Влатко Стефановски и Звјездан Ружиќ на отворањето на 45. „Скопско лето“

Влатко Стефановски и Звјездан Ружиќ на отворањето на 45. „Скопско лето“

Скопје, 22 јуни 2024 

Повеќенаградениот хрватски пијанист и композитор Звјездан Ружиќ настапи на отворањето на Скопско лето на 21 јуни во преполниот Куршумли ан! . На неговиот роденден, на Светскиот ден на музиката, Звјездан Ружиќ и неговиот проект „Пијанотрон“ја почестија  публиката во Скопје со вечер за паметење! Покрај тоа што публиката уживаше во авторската музика на Ружиќ, пропратена со кратка приказна за секоја композиција, пријатниот амбиент во Куршумли ан, големо изненадување за публиката беше настапот на Влатко Стефановски заедно со Звјездан, изведувајќи една авторска композиција на Звјездан и „Елено ќерко“ во еден нов , суптилен и несекојдневен аранжман кој ги стопли срцата на сите присутни.

Пијанотрон е комбинација од пијано, мелотрон и педали на кои Звјездан свири. Тој го опишува Пијанотрон како еден вид на филмска музика, украсена со влијанија од џезот, класичната, поп, рок и етно музиката.

Отворањето на 45 издание на фестивалот Скопско лето, со својата оригиналност, специфичност и квалитет, како настан ќе остане врежан во колективната меморија на присутните скопјани, но и на сите оние кои се нашле во Скопје и решиле токму оваа топла вечер да ја поминат токму овде, во Куршумли ан, сместени помеѓу содржините на ,,Скопско лето".

И оваа година, на ова јубилејно издание, преку кое, полека се доближуваме кон половина век постоење на манифестацијата, ќе имаме можност, скопските летни вечери да ги поминуваме со културните настани предвидени во програмата кои веруваме, со истиот интензитет ќе остават траги во нашите сеќавања, како и оние, сиве изминати години наназад.

Со почит,

Дирекција за култура,

Скопско лето

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Дирекција за култура, Скопско лето 

Остани поврзан