• петок, 10 мај 2024

Израелскиот воен кабинет повторно ќе расправа за заложниците и операцијата во Рафа

Израелскиот воен кабинет повторно ќе расправа за заложниците и операцијата во Рафа

Тел Авив, 2 мај 2024 (МИА) - Министрите од воениот кабинет на Израел денеска ќе разговараат за нацрт-договорот за прекин на огнот во Појасот Газа, вклучително и ослободување на заложниците кои ги држи радикалната палестинска група Хамас, како и за можна копнена операција на израелската армија во јужниот дел на енклавата.

Состанокот на кабинетот што го формираше премиерот Бенјамин Нетанјаху по почетокот на конфликтот со „Хамас“ на 7 октомври минатата година, треба да започне во 18:30 часот по локално време, а се очекува да заседава поширокиот безбедносен кабинет. 

Нетанјаху чека одговор од Хамас за последниот израелски предлог за условите за прекин на огнот презентиран од египетските посредници на разговорите во Каиро. Договорот вклучува ослободување на некои од борците на Хамас заробени за време на нивниот напад на 7 октомври на израелска територија, што доведе до конфликт. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан