• понеделник, 02 декември 2024

Зеленски го разреши шефот на одделот за негово обезбедување откако беше осуетен заговорот за атентат

Зеленски го разреши шефот на одделот за негово обезбедување откако беше осуетен заговорот за атентат

Kиев, 9 мај 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го разрреши шефот на одделот одговорен за неговата лична заштита, откако двајца негови службеници беа приведени оваа недела поради наводен заговор за атентат.

Зеленски објави декрет за „разрешување на Сергиј Леонидович Руд од функцијата шеф на Одделот за државна заштита на Украина“.

Во него не е наведена причината за смената на Руд, ниту именувана замена на високо чувствителната позиција.

Соопштението дојде откако украинската служба за безбедност СБУ во вторникот објави дека спречила руски заговор за атентат на Зеленски и други високи функционери.

Беа приведени двајца полковници од одделот за обезбедување високи државни личности под сомнение дека и дале тајни информации на руската безбедносна служба ФСБ.

Еден од нив, се тврди, лично обезбедил ракетни гранати, беспилотни летала и противпешадиски мини за агент да изврши напади.

Руд (47) го предводеше одделот - кој го надгледува личното обезбедување на претседателот, други високи функционери и нивните семејства - од 2019 година.зш/

Остани поврзан