• сабота, 23 ноември 2024

Блинкен ја поздрави ЕУ по повод Денот на Европа

Блинкен ја поздрави ЕУ по повод Денот на Европа

Вашингтон, 9 мај 2024 (МИА) Државниот секретар на САД Ентони Блинкен испрати денеска честитки до граѓаните на земјите членки на ЕУ а по повод Денот на Европа.

-Пред седумдесет и четири години министерот за надворешни работи на Франција Роберт Шуман ја споедели својата визија за заедница на земји која би можела да изгради попросперитетна иднина за народите во Европа. Таа идеја доведе до создавање на Европската заедница за јаглен и челик, што доведе до Договорот од Мастрихт отелотворуваќи ја визијата на Шуман за потесна соработка, творечка мисла и трајно единство низ цела Европа, истакна Блинкен.

Во честитката тој го истакна значењето на партнерството меѓу САД и Европа, од каде, како што рече, доаѓа главната помош за заштита на Украина од агресијата на Русија.

Блинкен исто така ја подвлече приврзаноста на САД кон општите демократски вредности и економски просперитет истакнувајќи дека „трансатлантските врски денес се поцврсти од кога и да било“. кб/
фото ЕПА

Остани поврзан