• среда, 24 април 2024

Израелската армија го потврди убиството на висок функционер на Хезболах

Израелската армија го потврди убиството на висок функционер на Хезболах

Ерусалим, 29 март 2024 (МИА) - Израелската војска потврди дека го убила Али Абед Асан Наим, заменик командант на ракетната дивизија на Хезболах. Тој бил убиен во напад со беспилотно летало во либанскиот регион Базуриех, објавија британските медиуми.

Израелската војска соопшти дека Наим насочил ракетен истрел со тешка боева глава кон израелска територија од Либан. Според израелските воени претставници, убиениот висок функционер на Хезболах бил одговорен за планирање и извршување на напади врз израелски цивили. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан