• петок, 22 ноември 2024

Зошто некои луѓе речиси никогаш не се разболуваат?

Зошто некои луѓе речиси никогаш не се разболуваат?

Лос Анџелес, 4 јyни 2024 (МИА) - Урбаната легенда говори за луѓе кои никогаш не се разболуваат... Настинките, се чини, „ги заобиколуваат“, грипот не им може ништо и се однесуваат како „суперлуѓе“ со неверојатно силен имунитет. Која е нивната тајна?

За време на променливото време т.е. покачувањата и падовите на температурата, корисно е потсетувањето на некои трикови за „будење“ на имунитетот. Истражувањата покажуваат дека тоа се навиките што ги држат вирусите подалеку.

Порано одење в кревет

Луѓето кои спијат осум часа навечер имаат помали шанси да се заразат со вирус, во споредба со оние кои спијат седум часа или помалку, велат стручањаците. Телото ноќе се обновува и ги урамнотежува хормоните на стрес, што го прави човекот помалку подложен на разни инфекции.

Зелен чај

Научен труд спроведен во САД посочува дека луѓето кои пијат зелен или црн чај во текот на денот создаваат трипати повеќе интерферон - моќен протеин којшто ги уништува вирусите. Зелениот чај, како една од намирниците најбогати со антиоксиданси, е познат и по многу други здравствени придобивки.

Јадење „шарена“ храна

Ако се јаде храна во различни бои, со сите потребни антиоксиданси, тоа ќе му помогне на телото да се одбрани од вируси. Во таа смисла се препорачува разновидно овошје и зеленчук, како тиква, компир, морков, зелен лиснат зеленчук, бобинки, портокал, кисела зелка, пиперки, како и бадеми и други јаткасти плодови.

Пробиотици

Полезните бактерии во цревата се важни за имунитетот. Ако индивидуално не се претпочитаат додатоци што содржат пробиотици, советот вели: Повеќе ферментирана храна, на пр. кисело млеко, јогурт или кисела зелка.

Недопирање на лицето

Триењето очи, нос и чепкањето на устата со рацете ја зголемува опасноста од вирусни зарази на дишните органи. Одвикнувањето од сѐ тоа го намалува ризикот за 41 отсто, покажуваат истражувањата. Совет: Редовно миење раце и, за време на сезоната на грип - плакнење на носот и грлото со раствор од морска сол во топла вода за да се исчистат насобраните честички.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан