• петок, 21 февруари 2025

Видеоинтервју со Лејди Гага

Видеоинтервју со Лејди Гага

Лос Анџелес, 21 февруари 2025 (МИА) - Во видеоинтервју за „Ел“ (Elle), Лејди Гага говори за својата кариера, приватниот живот... Смета и дека нејзиниот нов албум „Mayhem“ е „звучно моќен и поетски“, а се осврна и на последната „Греми“ награда.

Најмногу го сака она кога „обожавателите, кога ќе излезе од хотел, ја поздравуваат со стиховите“ од некои нејзини песни... - Навистина уживам во тие мигови, рече таа.

По повод овогодишното „Греми“ за најдобро поп-дуо - со Бруно Марс за песната „Die With A Smile“, Гага им изрази посебна благодарност на своите обожаватели.

- Додека пишувам песни, сè што сакам да правам преку моите песни е да раскажувам приказни коишто ги допираат срцата на луѓето. Да претставам песна со Бруно за посебна љубов е навистина од душа. Љубовта е она што ни треба на сите во овој миг. Ви благодарам, „мали чудовишта", рече Гага.

Прашана, кој совет би го дала кон помладата себеси, таа рече дека не треба да биде толку строга кон себе.  си/ссм/

Фото: Јутјуб

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан