Зеленски: Колебливоста на западните партнери ќе и даде на Русија дозвола за глобален терор
- „Сите наши европски соседи и други партнери ја гледаат критичната потреба на Украина за системи за противвоздушна одбрана“, напиша Зеленски на платформата Х, додавајќи дека „доколку руските ракети и беспилотни летала „Шахед“ продолжат да ја погодуваат, не само Украина, туку и решителноста на нашите сојузници, тоа ќе претставува дозвола за глобален терор“.
Киев, 11 април 2024 (МИА) - По синоќешните и утринските руски напади врз украинската цивилна инфраструктура претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека на земјата и е потребна поддршката од западните партнери и дека нејзиното отсуство ќе и даде на Русија „дозвола за глобален терор“.
„Сите наши европски соседи и други партнери ја гледаат критичната потреба на Украина за системи за противвоздушна одбрана“, напиша Зеленски на платформата Х, додавајќи дека „доколку руските ракети и беспилотни летала „Шахед“ продолжат да ја погодуваат, не само Украина, туку и решителноста на нашите сојузници, тоа ќе претставува дозвола за глобален терор“.
Тој предупреди дека на Украина и е потребна поддршка, а не „вртење на главата и водење долги дискусии“.
„Светот може да покаже дека секој акт на терор се третира подеднакво како злосторство“, посочи Зеленски и кажа дека „тој е благодарен на секој лидер кој не молчи и кој ќе продолжи да ја поддржува Украина и да го осудува рускиот терор“.
Зеленски објави дека Русија во текот на ноќта истрелала повеќе од 40 ракети и околу 40 беспилотни летала „Шахед“, а тие напади ја погодиле цивилната инфраструктура во украинскиот град Харков и регионот Харков, каде што повеќе од 200.000 корисници останале без струја.сд/
фото:ЕПА