Индо-Пацификот во фокусот на Квад: Следниот самит ќе се одржи во Индија
- Во заедничката изјава, министрите за надворешни работи на четирите земји изразија противење на каква било еднострана акција со цел промена на статус кво со сила или принуда.
Вашингтон, 22 јануари 2025 (МИА) - Австралија, Индија, Јапонија и САД, членки на Квадрилатералниот безбедносен дијалог (Квад група), потврдија дека остануваат посветени на слободен и отворен Индо-Пацифик. Ова го соопштија по првиот министерски состанок во Вашингтон откако Доналд Трамп ја презеде претседателската функција само еден ден претходно.
Во заедничката изјава, министрите за надворешни работи на четирите земји изразија противење на каква било еднострана акција со цел промена на статус кво со сила или принуда.
Исто така, во изјавата се наведува дека претставниците на овие четири земји ќе одржуваат редовни состаноци во текот на наредните месеци за подготовка на следниот самит на лидерите, чиј домаќин ќе биде Индија. ссм/
фото: Објава на Икс на Марко Рубио