ОН: Капацитетот на јеменското пристаниште Ходеида во Црвеното Море е намален за една четвртина поради нападите на Хутите
- Операциите во јеменското пристаниште Ходеида во Црвеното Море, преку кое се доставува помош, паднаа на околу една четвртина од нејзиниот капацитет од почетокот на нападот на Хутите, поддржани од Иран, врз меѓународни бродови, изјави денеска претставник на Обединетите нации, Жулиен Арнај.

Женева, 22 јануари 2025 (МИА) - Операциите во јеменското пристаниште Ходеида во Црвеното Море, преку кое се доставува помош, паднаа на околу една четвртина од нејзиниот капацитет од почетокот на нападот на Хутите, поддржани од Иран, врз меѓународни бродови, изјави денеска претставник на Обединетите нации, Жулиен Арнај.
Хутите започнаа напади врз меѓународни бродови во близина на Јемен од ноември 2023 година, како што наведоа, во знак на солидарност со Палестинците во војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, по што Израел целеше пристанишни и енергетски објекти, вклучително и пристаништето Ходеида во Црвеното Море.
„Влијанието на воздушните напади врз пристаништето Ходеида, особено во последните недели, беше значајно. Четири од петте шлепери во пристаништето, кои се потребни за придружба на големи бродови што внесуваат стока, потонаа, додека петтиот е оштетен,“ рече Арне во видео обраќање на состанокот на ОН во Женева. рп/
Фото: МИА архива