Јапонско МНР: Се надеваме дека ќе ја организираме првата средба меѓу премиерот Ишиба и претседателот Трамп во февруари или март
- Јапонија се надева дека ќе ја организира првата средба меѓу премиерот Шигеру Ишиба и новиот американски претседател Доналд Трамп во февруари или март, изјави портпаролот на јапонското Министерство за надворешни работи Тошихиро Китамура на вчерашната прес-конференција во Вашингтон.

Вашингтон, 22 јануари 2025 (МИА) - Јапонија се надева дека ќе ја организира првата средба меѓу премиерот Шигеру Ишиба и новиот американски претседател Доналд Трамп во февруари или март, изјави портпаролот на јапонското Министерство за надворешни работи Тошихиро Китамура на вчерашната прес-конференција во Вашингтон.
„Се надеваме дека тоа ќе се случи во февруари или март“, рече портпаролот, додавајќи дека конкретниот датум за средбата ќе зависи од агендата на двете страни. рп/
Фото: Википедија