• петок, 05 декември 2025

Орбан: Заканата од Трета светска војна може да се намали само со состанок меѓу Трамп и Путин

Орбан: Заканата од Трета светска војна може да се намали само со состанок меѓу Трамп и Путин

Будимпешта, 19 август 2025 (МИА) - „Денеска се одржа состанок на лидерите на 27-те земји-членки на Европската Унија. Беше потврдено дека заканата од Трета светска војна може да се намали само со состанок меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин. Исто така, беше потврдено дека стратегијата за изолација на Русија не успеа и дека украинскиот конфликт не може да се реши на фронтот, туку само преку дипломатски напори“, напиша Орбан на својата Фејсбук страница по онлајн самитот на Европската Унија.

Тој додаде дека е исто така јасно оти членството во ЕУ не може да ѝ обезбеди на Украина никакви безбедносни гаранции и дека поврзувањето на европската интеграција со безбедносните прашања е „бескорисно и опасно“.

Според него, Унгарија ги поздравува чекорите преземени во разговорите меѓу Трамп и Путин, го поддржува продолжувањето на преговарачкиот процес и инсистира на одржување нов самит Европа-Русија „што е можно поскоро“.ир/дј

 

Фото: Фејсбук-профил Виктор Орбан

Остани поврзан