• четврток, 18 април 2024

Зеленски: Безбедносните договори ги прошируваат можностите на Украина

Зеленски: Безбедносните договори ги прошируваат можностите на Украина

Киев, 1 март 2024 (МИА) - Секој договор во областа на безбедноста ја приближува Украина до поголеми можности, поголема глобална интеракција и поголема моќ, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на платформата Х, цитиран од Укринформ.

Тој истакна дека неговата земја веќе склучила вакви договори со шест земји - Велика Британија, Германија, Франција, Данска, Канада и Италија.

„Секој таков договор ги проширува нашите можности и глобалната интеракција и не прави посилни. Во исто време, секој таков договор го зајакнува меѓународниот поредок заснован на правила“, нагласи Зеленски. „Колку поблиску соработуваме, толку побрзо ќе бидат поразени руските терористи“, додаде тој.

Зеленски се заблагодари на секој лидер и на секоја земја што и помага на Украина.

Укринформ пренесува дека Киев веќе почнал преговори и со Норвешка за склучување билатерален безбедносен договор.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан