• петок, 17 мај 2024

Зголемен водостојот на Дојранското Езеро и на Треска

Зголемен водостојот на Дојранското Езеро и на Треска

Скопје, 13 јуни 2023 (МИА) – За два сантиметра е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, додека нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, водостојот на Дојранското Езеро е понизок за 75 сантиметри од повеќегодишниот просек за јуни. Пониски од просечните се и нивоата на Охридското и на Преспанското Езеро и тоа за 12 сантиметри кај Охридското, односно за 1,96 метри кај Преспанското Езеро.

За разлика од езерата, речиси сите реки во земјава имаат повисок водостој од просечниот и најчесто имаат благо зголемување на нивото во споредба со вчера. Најголемо зголемување на водостојот  во споредба со вчерашниот - речиси двојно има реката Треска на мерното место кај Македонски Брод. вј/аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан