• недела, 22 декември 2024

Ердоган: Турција е подготвена да ја подобри соработката со Русија против тероризмот

Ердоган: Турција е подготвена да ја подобри соработката со Русија против тероризмот

Анкара, 23 март 2024 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин кажа дека Турција е подготвена да ја подобри соработката со Русија во борбата против тероризмот, сфаќајќи ја неопходноста од спротивставување на сите негови форми и манифестации без исклучок, се наведува во денешното соопштение од кабинетот на турскиот лидер.

„Нашиот претседател Ердоган телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин. Тој најостро го осуди чинот на терор врз невини луѓе и изрази сочувство до рускиот претседател и народот на Русија за терористичкиот напад во Москва“, се наведува во соопштението на кабинетот на претседателот на Турција, пренесено од Тасс.

Во соопштението се наведува дека Ердоган за време на разговорот кажал дека нападот во Подмосковјето покажал дека регионалната криза треба да се заврши мирно, што е можно поскоро.

Во нападот во салата „Крокус“ ​​во Москва вчера загинаа 143 лица, а повеќе од сто луѓе се ранети, соопшти претходно денеска Рускиот истражен комитет. сд/

фото:МИА архива

 

Остани поврзан