Антивладин протест во Кишињев
- Неколку илјади приврзаници на Социјалистичката партија на Молдавија се собраа денеска на протест во Кишињев барајќи оставка од владата и одржување предвремени парламентарни избори.
Кишињев, 22 февруари 2025 (МИА) – Неколку илјади приврзаници на Социјалистичката партија на Молдавија се собраа денеска на протест во Кишињев барајќи оставка од владата и одржување предвремени парламентарни избори.
Демонстрантите носеа транспаренти со пароли „Долу влада“ и „Бараме фер избори!“.
Демонстрантите дојдоа без партиски симболи, откако лидерот на социјалистите Игор Додон ги повика граѓаните со различни политички ставови да се обединат. јт/
Фото: Х