• четврток, 26 март 2026

Најмалку три жртви при уривање на кров на трговски центар во Перу

Најмалку три жртви при уривање на кров на трговски центар во Перу

Лима, 22 февруари 2025 (МИА) – Најмалку три лица загинаа, меѓу кои и едно дете, а околу 80 се повредени при уривање на покрив на трговски центар во градот Трухиљо во Перу.

Според светските агенции, непознат број луѓе се заробени под урнатините, а во тек е спасувачка операција.

Сведоците кои виделе како се урива покривот на трговскиот центар, за медиумите потврдиле дека слушнале продорен звук пред покривот да падне. јт/

Фото: Х

Остани поврзан