• вторник, 14 мај 2024

Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција

Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција

Анкара, 6 мај 2024 (МИА) – Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, северозападна Турција.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ најверојатно експлодирала плинска боца.

Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците. јт/

Фото: ТРТ

Остани поврзан