• сабота, 04 мај 2024

Египет испраќа делегација во Израел за да се обиде да постигне договор за примирје

Египет испраќа делегација во Израел за да се обиде да постигне договор за примирје

Kaиро, 26 април 2024 (МИА) - Египет испраќа делегација на високо ниво во Израел со надеж дека ќе постигне договор за прекин на огнот со Хамас во Газа, истовремено предупредувајќи дека евентуалната нова израелска офанзива врз јужниот град Рафа на границата со Египет може да има катастрофални последици за регионалната стабилност, изјавија денеска двајца официјални претставници.

Претходно денеска, либанската милитантна група Хезболах истрела противтенковски ракети и артилериски гранати врз израелски воен конвој во спорна област долж границата, при што загина еден израелски цивил.

Претставници на палестинската болница вчера соопштија дека најмалку пет лица загинале во воздушни напади во Рафа.

Повеќе од половина од 2,3 милиони жители побарале засолниште во тој град. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан