• недела, 30 јуни 2024

Дончиќ го предводеше Далас до победа над Минесота во воведниот натпревар конференциското финале на Запад

Дончиќ го предводеше Далас до победа над Минесота во воведниот натпревар конференциското финале на Запад

Минеаполис, 23 мај 2024 (МИА) - Далас маверикс ноќеска ја победи Минесота тимбервулвс со 108:105 во воведниот меч од полуфиналната серија на НБА плејофот.

Најпродуктивен играч на паркетот беше словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ, кој постигна 33 поени. 

Кај домаќините најефикасен беше Џејден МекДаниелс со 24 поени.

Резултатот во серијата прв до четири победи е 1:0 за Далас. Следниот натпревар ќе се одигра на 25 мај.

Вечер во 2 часот по полноќ на програмата е вториот натпревар од серијата во Источната конференција. По првиот дуел Бостон води против Индијана со 1:0. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан