• четврток, 26 декември 2024

Анчелоти: Грдо е да се каже дека Мбапе има психолошки проблеми

Анчелоти: Грдо е да се каже дека Мбапе има психолошки проблеми

Мадрид, 23 ноември 2024 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека за време на репрезентативната пауза, Килијан Мбапе, кој не беше повикан во репрезентацијата на Франција, добро тренирал и ја подобрил својата состојба. 

Италијанецот категорично ги демантираше шпекулациите дека напаѓачот има психички проблеми, поради кои не го покажува целиот свој потенцијал на „Сантијаго Бернабеу“. 

Анчелоти исто така увери дека Мбапе никогаш не побарал од него конкретна позиција на теренот.

- Мбапе добро тренира и неговата состојба се подобрува. Се надевам дека ќе успее да ги покаже сите свои квалитети. Никогаш не побарал од мене конкретна позиција на теренот. Сите едноставно сакаат да бидат дел од стартната постава. Тој и Винисиус немаат фиксни позиции на теренот. Се зависи од ситуациите во конкретниот натпревар. Дали има психолошки проблеми? За мене ваквите шпекулации се нешто многу грдо. Го гледам среќен и мотивиран. Лошите серии минуваат. Тие им се случуваат на сите големи напаѓачи кои се разочаруваат, кога нема да постигнат гол, изјави Анчелоти на прес-конференција во пресрет на утрешниот меч со Леганес. дс

Фото: Архива

Остани поврзан