Реал Мадрид против Хетафе без Мбапе, Белингем, Алаба и Рудигер, под знак прашалник и Винисиус
- Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе ќе го пропушти претстојниот четвртфинален натпревар од Копа дел Реј против Леганес поради повреда на потколеницата, изјави денеска тренерот на Мадрид, Карло Анчелоти.
Мадрид, 4 февруари 2025 (МИА) - Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе ќе го пропушти претстојниот четвртфинален натпревар од Копа дел Реј против Леганес поради повреда на потколеницата, изјави денеска тренерот на Мадрид, Карло Анчелоти.
-На Мбапе му дадовме дополнителен ден да се опорави, денеска тренираше нормално, но има хематом на потколеницата и утре нема да биде достапен, изјави Анчелоти.
Не е само Мбапе кој е надвор од теренот, туку и Џуд Белингем. Повредата на Давид Алаба ги наруши плановите, а пред него и таа на Ридигер.
-Во последните два дена бевме без двајца важни играчи. Тоа е нешто што очигледно не го предвидовме, бидејќи Алаба беше подготвен да игра. Тоа е ситуација со која треба да се помириме. Ќе играме со играчите што ги имаме во тимот, додаде тренерот на Реал Мадрид.
Под знак прашалник е и Винисиус Жуниор. Анчелоти го стави на списокот на играчи, но се очекува мечот да го започне од клупата за резерви. Шанса треба да добијат резервите Ѓулер, Ендрик и Брахим Дијаз.
Кралски куп, четвртфинале:
ВТОРНИК
Атлетико Мадрид - Хетафе 21.30
СРЕДА
Леганес - Реал Мадрид 21.00 часот
ЧЕТВРТОК
Реал Сосиедад - Осасуна 19.30
Валенсија - Барселона 21.30. дс
Фото: Архива