• вторник, 24 декември 2024

Мареј нов тренер на Ѓоковиќ

Мареј нов тренер на Ѓоковиќ

Лондон, 23 ноември 2024 (МИА) - Неодамна пензионираниот британски тенисер Енди Мареј е нов тренер на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, соопштија денеска неговите претставници, цитирани од српските медиуми.

Мареј ќе работи како тренер во стручниот штаб на Ѓоковиќ на Гренд слем турнирот во Австралија во јануари.

Ѓоковиќ има освоено рекордни 24 Гренд слем трофеи и е играч со најмногу недели поминати на врвот на АТП листата. Тој летово во Париз освои златен олимписки медал.

Мареј освои три Гренд слем титули, како и два олимписки медали во поединечна конкуренција, а 2016 година ја заврши како играч број еден во светот.

Британецот се пензионираше по Летните олимписки игри 2024 во Париз. дс

Фото: Архива

Остани поврзан