Симеоне се расплака кога го прашаа за неговата иднина
- Емоциите го совладаа Диего Симеоне по неговиот рекорден натпревар број 700 на чело на Атлетико Мадрид. Во овој важен момент од својата тренерска кариера, Аргентинецот под негово водство ја постигна победата бр.300 во Ла Лига. Чоло е на чело на мадридскиот клуб речиси 13 години, поради што по натпреварот логично беше прашан за неговата иднина
Мадрид, 23 ноември 2024 (МИА) - Емоциите го совладаа Диего Симеоне по неговиот рекорден натпревар број 700 на чело на Атлетико Мадрид. Во овој важен момент од својата тренерска кариера, Аргентинецот под негово водство ја постигна победата бр.300 во Ла Лига. Чоло е на чело на мадридскиот клуб речиси 13 години, поради што по натпреварот логично беше прашан за неговата иднина.
Како одговор, Симеоне беше речиси во солзи бидејќи брзо го прекина интервјуто за ДАЗН.
-Како што можете да видите, живеам за моментот. Се наоѓаме во силен период, а играчите се одговорни во извршувањето на обврските. Јас сум мирен. Јас сум на место кое многу го сакам. Тоа е тоа, збогум, рече менторот.
Неодамна „Релево“ информираше дека Атлетико е во потрага по тренер бидејќи се сомнева дека Чоло ќе си замине на крајот на сезоната. дс
Фото: Принтскрин