• петок, 17 мај 2024

Дефект на водоводна цевка во центарот на Куманово

Дефект на водоводна цевка во центарот на Куманово

Куманово, 25 јануари 2024 (МИА) - Јавното претпријатие „Водовод“ - Куманово работи на отстранување на дефектот кој настана во центарот на градот на улицата „11 Октомври“.

Дефектот, како што појаснуваат од ЈП „Водовод“ е на главна водоводна цевка Ф-250 на улица „11 Октомври“ (наспроти судската зграда).

Од претпријатието велат дека времено ќе биде прекинато водоснабдувањето на улиците „11 Октомври“ и „Братство и единство“. 

-Екипи на ЈП „Водовод“ со потребна механизација се на терен и веќе е почнато со ископ за лоцирање и поправка на дефектот. Екипите ќе работат се до отстранување на дефектот, при што се очекува водоснабдувањето да биде нормализирано во вечерните часови, велат од „Водовод“.

Цевката е поставена во 1958 година. ам/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан