• петок, 22 ноември 2024

Посадени дрвца и поставени нови клупи во паркот во 11 Октомври - Бараки

Посадени дрвца и поставени нови клупи во паркот во 11 Октомври - Бараки

Скопје, 17 мај 2024 (МИА) - Во заедничка акција со раководството на Централна Кооперативна Банка, денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски садеше дрвца во паркот во 11 Октомври Бараки. Беше поставена и нова урбана опрема, информираат од Општината.

- Нашата јасна визија и ангажман за зголемување на зелените површини и урбаната опрема во општина Кисела Вода е евидентна преку изградбата на 15-тина паркови и спортско-рекреативни центри во овие 2,5 години и ова е нешто што ќе продолжи да се случува со зголемена динамика на работа. Сакам да се заблагодарам на Централна Кооперативна Банка за нивниот придонес кон унапредувањето на  квалитетот на живот на нашите жители. Се надевам дека оваа соработка, како чин на општествена одговорност ќе биде инспирација и за останатите деловни субјекти и дека ваквиот начин на вложување во развојот на општината, во иднина. ќе стане стандард за соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор, истакнал Ѓорѓиевски. сст/бак/

Фото: Кисела Вода

 
 

 
 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан