• сабота, 18 мај 2024

Демократскиот сојуз бара оставка на членовите на Републичкиот судски совет

Демократскиот сојуз бара оставка на членовите на Републичкиот судски совет

Скопје, 30 април 2023 (МИА) - Демократскиот сојуз денеска побара членовите на Републичкиот судски совет да поднесат оставки. Како причина ги наведуваат актуелните случувања во Советот, но пред сѐ, како што наведуваат во соопштението, поради некредибилниот судски систем и недовербата на граѓаните во судиите (само 3 отсто од граѓаните имаат доверба во судиите), како и намерното застарување на голем број тешки судски предмети, сомнежите за корупција од големи размери и целосната парализа на владеењето на правото и правниот систем.

Од Демократскиот сојуз посочуваат дека по констатирањето на оставките треба да започне постапка за избор на нови членови на Републичкиот судски совет.

ДС, како што се наведува, инсистира и на ревизија на работата на сите судии, како и укинување на Уставниот амандман (Амандман XXVII) со кој судиите се изземаат од кривична одговорност при донесување судски одлуки и преиспитување на трајниот мандат на судиите.

-Со оставките ќе се направи мал чекор кон започнување на неопходните коренити реформи во судството, но и во правосудниот систем во целина, велат од Демократски сојуз. ев/хс/

Фото: МИА Архива 

 

Остани поврзан