• петок, 17 јануари 2025

Данска, Италија, Франција и Австрија се пласираа во главната фаза на Светското првенство во ракомет

Данска, Италија, Франција и Австрија се пласираа во главната фаза на Светското првенство во ракомет

Хернинг, 17 јануари 2025 (МИА) - Бранителот на титулата Данска се пласираше во главната фаза на Светското првенство во ракомет за мажи.

Данците, кои се стремат кон четврта последователна титула, победија со 32:21 (17:7) против Тунис во Хернинг во второто коло во групата Б на шампионатот и го заземаа првото место со 4 бода. Матијас Гидсел постигна 9 гола за тимот на Келд Вилхелмсен.

Во другиот натпревар од групата Италија го совлада Алжир со 32:23 (16:11) по 7 гола на Лео Прантнер и исто така собра 4 бода.

Првите три екипи од секоја група продолжуваат во главната фаза од натпреварувањето.

Актуелниот европски првак Франција немаше посебни проблеми во второто коло во групата Ц против Кувајт и оствари победа од 43:19 (21:8) во хрватскиот град Пореч. Недим Ремили беше најдобар стрелец со 6 гола за сребрените од претходниот светски шампионат, кои се лидери во групата со вкупно 4 бода.

Во другиот натпревар Австрија го совлада азискиот шампион Катар со 28:26 (16:14) по 9 гола на Себастијан Фримел. дс

Фото: ИХФ

Остани поврзан