Ф1: Расел пред нов повеќегодишен договор со Мерцедес
- Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, преговара за нов повеќегодишен договор со Формула 1 тимот и би можел да вози заедно со Макс Верстапен во иднина.
Лондон, 29 јули 2025 (МИА) – Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, преговара за нов повеќегодишен договор со Формула 1 тимот и би можел да вози заедно со Макс Верстапен во иднина.
Во последните месеци се шпекулираше дека преговорите меѓу Расел и Мерцедес доцнат, како и за потенцијални преговори со холанскиот возач Верстапен, кој вози за Ред Бул. Четирикратниот светски шампион, најверојатно, ќе остане во Ред Бул во 2026 година, откако шефот на тимот, Кристијан Хорнер, беше отпуштен.
Британски „Скај“ денеска објави дека двете страни преговараат за повеќегодишен договор што би го задржал 27-годишниот Британец во Мерцедес барем до крајот на 2027 година.
Директорот на Мерцедес, Тото Волф, на трката во Белгија минатиот викенд навести дека договор со Расел би можел да се постигне до почетокот на летната пауза, која почнува по трката во Унгарија следниот викенд.ег
ФОТО: ЕПА