• четврток, 04 декември 2025

Манчестер сити го врати голманот Трафорд

Манчестер сити го врати голманот Трафорд

 

Манчестер, 29 јули 2025 (МИА) – Премиерлигашот Манчестер Сити го врати во своите редови талентираниот голман на англиската репрезентација до 21 година, Џејмс Трафорд.

Како што јавија вечерва британските медиуми, Трафорд потпишал петгодишен договор и ќе го носи дресот со број 1.

„Враќањето во Сити е толку посебен и горд момент за мене и моето семејство. Отсекогаш сонував еден ден да можам да се вратам во Манчестер Сити. Ова е местото што го нарекувам дом“, изјави Трафорд.

Голманот го напушти Сити за да се приклучи на Барнли во 2023 година, помагајќи му на клубот да обезбеди промоција во Премиер лигата минатата сезона.

„Џејмс е веќе еден од најуспешните млади голмани во англискиот фудбал и со задоволство го пречекуваме назад во Манчестер Сити. Тој ги има сите квалитети што се потребни за врвен голман“, рече директорот на Сити, Уго Вијана. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан