• вторник, 03 септември 2024

Данон: СБ на ОН првпат ќе разговара за заложниците на Хамас

Данон: СБ на ОН првпат ќе разговара за заложниците на Хамас

Њујорк, 3 септември 2024 (МИА) – Амбасадорот на Израел во Обединети нации, Дени Данон најави дека утрешната седница на Советот за безбедност, на итно барање, ќе се дебатира за заложниците кои Хамас ги држи во Појасот Газа.

Данон на платформата Икс наведе дека тоа ќе биде прва таква дискусија од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година.

Тажно е што на Советот му беа потребни 11 месеци за да го направи тоа, и тоа дури по варварското, ладнокрвно убиство на шест заложници од терористите на Хамас, наведе Данон, заблагодарувајќи им се на претставниците на САД, Велика Британија и Франција што го овозможија состанокот. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан