• петок, 04 октомври 2024

СЗО: Нема поврзаност меѓу употребата на мобилни телефони и зголемениот ризик од рак на мозокот

СЗО: Нема поврзаност меѓу употребата на мобилни телефони и зголемениот ризик од рак на мозокот

Лондон, 3 септември 2024 (МИА) - Нема поврзаност меѓу употребата на мобилни телефони и зголемениот ризик од рак на мозокот, се наведува во новиот преглед на објавени докази од целиот свет објавен од Светската здравствена организација (СЗО).

И покрај огромниот пораст на употребата на безжични технологии, не дојде до зголемен ризик од рак на мозокот, што важи и за луѓето кои водат долги телефонски разговори, или користат мобилни телефони повеќе од една деценија.

Конечната анализа вклучи 63 студии од 1994 до 2022 година, во кои учествуваа 11 истражувачи од 10 земји. рп/

Фото: МИА архива

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан