• понеделник, 30 септември 2024

Тројца министри во Украина поднесоа оставки

Тројца министри во Украина поднесоа оставки

Киев, 3 септември 2024 (МИА) – Министерот за стратешка индустрија на Украина, Олександр Камишин, министерот за правда Денис Маљусик, министерот за заштита на животната средина и природни ресурси Руслан Стрилц и шефот на Фондот за државен имот Виталиј Коваљ денеска поднесоа оставки.

- Врховната рада на Украина ги доби изјавите за оставките на Камишин, Маљусик, Стрилц и Коваљ, соопшти претседателот на Врховната рада, Руслан Стефанчук, пренесува Укринформ.

Тој информира дека за нивните оставки ќе се расправа на некоја од следните пленарни седници. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан