• вторник, 08 октомври 2024

Се преврте брод во Ла Манш, загинаа најмалку 13 мигранти, меѓу кои три деца

Се преврте брод во Ла Манш, загинаа најмалку 13 мигранти, меѓу кои три деца

Париз, 3 септември 2024 (МИА) - Најмалку 13 мигранти меѓу кои и три деца го загубија животот денеска откако бродот во кој се наоѓаа се преврте на пат преку каналот Ла Манш од Франција кон Велика Британија, објави францускиот весник „Ла Вуа ди Норд“, а во тек е голема спасувачка операција за спасување на повеќе од 50 луѓе.

Портпаролот на француската крајбрежна стража претходно изјави дека 10 лица се во критична состојба. Британската крајбрежна стража веднаш не одговори на истрагата за случајот.

Во знак на сериозноста на ситуацијата, телевизијата CNews објави дека се очекува подоцна во попладневните часови во близина на градот Булоњ-сур-Мер да пристигне францускиот министер за внатрешни работи во заминување Жералд Дарманин.

Борбата против илегалната имиграција е приоритет и на британската и на француската влада. Повеќе од 2.000 луѓе пристигнале во Велика Британија со мали чамци во изминатите седум дена, според податоците на британската влада.

Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер минатата недела ветија поблиска соработка за затворање на рутите за криумчарење мигранти. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан