• вторник, 08 октомври 2024

Руските обвинители ја поништиле пресудата со која била спречена истрагата за смртта на Навални

Руските обвинители ја поништиле пресудата со која била спречена истрагата за смртта на Навални

Салехард, 3 септември 2024 (МИА) - Протераниот соработник на Алексеј Навални, Иван Жданов објави официјално писмо од обвинителите на автономниот округ Јамал-Сконенечки, во кое се наведува дека тие ја поништиле одлуката на истражителите од август, со која било спречено покренувањето истрагата за смртта на рускиот опозиционер.

Во писмото се наведува дека случајот е препратен до Истражниот комитет.

Во август, Јулија Навални рече дека руските власти одбиле да отворат истрага за смртта на нејзиниот сопруг, пренесува Радио Слободна Европа.

Навални, отворен критичар на Кремљ, почина во февруари во затвор на Арктикот додека отслужуваше 19-годишна затворска казна под обвиненија за екстремизам, кои ги отфрли тврдејќи дека се политички мотивирани. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан