• петок, 04 октомври 2024

Гаши: Ова е интерпелација против верската припадност на претседателот на Собранието, за Апасиев собранискиот спикер е велемајстор за скандали

Гаши: Ова е интерпелација против верската припадност на претседателот на Собранието, за Апасиев собранискиот спикер е велемајстор за скандали

Скопје, 3 септември 2024 (МИА) – Претседателот на Собранието Африм Гаши, по однос на поднесената интерпелација за неговата работа, рече дека демократијата е можност да се ислушаат спротивставените мислења, но „ова не е интерпелација против Африм Гаши, туку против верската припадност на претседателот на Собранието“.

Кој го има легитимитетот во нашата држава, порача Гаши од собраниската говорница, да суди кој може или не да биде претседател на Собранието, само зошто доаѓа од некоја етничка заедница. 

- Парламентот е место каде треба да има отчет, а граѓаните го даваат последниот суд. Како човек сум отворен и не кријам ништо и од никого, туку сакам отворен пристап за сите прашања. Затоа јавно поставувам прашање, на кого му служи оваа интерпелација и за каква цел. Сигурен сум дека одговорот на овие прашања ја дава суштината на оваа интерпелација. Левица е партија којашто идеолошки треба да го обединува и храни народот со теоријата за еднаквост, но за жал во реалноста таа е партија што многу често се профилира екстремно десно со своите ставови – против нашата евроатлантска интеграција, нашата посветеност за добрососедски односи и нашата посветеност за меѓуетничка хармонија. Многу е лошо кога се игра на картата на национализмот, за осудување на другиот без да се слушне другата страна. Не е потребно длабоко разбирање на политиката за да се види дека тие што се против нашиот европскиот пат и ја загрозуваат нашата внатрешната етничка кохезија дека тие работата против постоењето на нашата држава, изјави Гаши.  

Иако интерпелацијата изгледа правно формулирана, според Гаши таа е чисто политички мотивирана и самиот текст е преполн со исламофобијата и албанофобија.

- Ова не е интерпелација против Африм Гаши, туку против верската припадност на претседателот на Собранието. Ова не е интерпелација кон пречекорување на овластувањата на претседателот на Собранието во однос на безбедноста, туку против добрососедските односи и заложби за повлекување на признавањето на Косово, ова не е интерпелација за наводната повреда на Законот за јазиците, туку поради фобијата против албанскиот јазик и етничката припадност на претседателот. Ова не е интерпелација кон знамето на ЕУ и НАТО, туку интерпелација кон нашата стратешка цел, изјави Гаши. 

За него, како што посочи, е најважно да остане со чист образ и чиста душа. 

- Јас нема да реплицирам и дебатирам. Ќе се повлечам и нема да ја водам седницата. Би сакал без никаков притисок да одлучите, како што мислите дека е најдобро за државата, изјави Гаши. 

Пратеникот и лидер на „Левица“ Димитар Апасиев, образложувајќи ги причините за поднесената интерпелација, рече дека ја темелеле на седум точки, но иако во меѓувреме сторил уште три-четири скандали, за „свадба на Косово“ и пеењето „шота на 2 Август“, како што нагласи ќе остави да зборува премиерот Христијан Мицкоски. 

Интерпелацијата, како што појасни Апасиев, се заснова на направена повреда на начелото на секуларност – со верскиот обред на исламската заедница во Собранието, на дипломатските правила за обезбедување на ВИП личности – со инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка, на употребата на македонскиот јазик – при давањето на свечената изјава, на правилата за употреба на државното знаме, грб и химна, на начелото на инкомпатибилност на функциите – со неконстатирање на престанок на мандат на пратеникот Талат Џафери, на законските и етичките одредби за антинепотизам – присуството на сопругата на Гаши во државната делегација во Вашингтон и за повреда на деловничките одредби за нормална работа на пратениците. 

-  За разлика од вашиот претходникот Талат Џафери, кој беше мајстор за скандали, Вие го надминавме и практично за 100 дена направивте рафал од скандали и станавте можеби велемајстор, изјави Апасиев.  

Ќе видиме, нагласи Апасиев, дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе Ви овозможат не казнивост денеска, потенцирајќи дека во овие 100 дена се прекршени Уставот и четири закони - Законот за спречување на корупција и судир на интереси, Законот за Собранието, Законот за пратениците и Изборниот законик.   

Претресот по интерпелацијата на работата на претседателот на Собранието трае еден работен ден, до исцрпување на пријавените за збор – вкупно 21 пратеник. Денешната 13. седница на Собранието е прва пленарна седница по одморот на пратениците.

Интерпелацијата е поднесена од пратеничката група на Левица, а според најавите, поддршка ќе даде опозициската СДСМ, додека ВМРО-ДПМНЕ и коалициониот партнер „Вреди“ нема да дадат поддршка. аа/бак/

Фото: МИА 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан