• сабота, 04 јануари 2025

Заврши изградбата на минор коритото на Крива Река до градскиот базен 

Заврши изградбата на минор коритото на Крива Река до градскиот базен 

Крива Паланка, 2 јануари 2025 (МИА) - Официјално е завршена реализацијата на проектот за изградба на регулација на минор коритото на Крива Река - фаза 4, од спортскиот комплекс до градскиот базен.

Од Општина Крива Паланка посочуваат дека новата година започна со нови реализирани проекти, а со изградбата на оваа, четврта фаза, завршено е уредувањето на комплетната проектирана регулација на Крива Река во централното градско подрачје.

-Денес финишираше проектот за изградба на минор коритото на Крива Река - фаза 4. Изградени се 463 метри од коритото, за што се инвестирани 12.000.000 денари, средства обезбедени од Министерството за локална самоуправа, преку Биро за регионален развој, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Оваа последна фаза од коритото се надоврзува на последната до спортскиот комплекс, кај вливот на Бабин Дол во Крива Река, што беше реализирана во 2023, за која инвестирани беа околу 5.5 милиони денари од Министерство за животна средина и просторно планирање, и кофинансирање од општината.

Според најавите на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, годинава само за капитални инвестиции во општината ќе бидат издвоени над 250 милиони денари, за, како што рече, урбана и модерна општина. ид/вг/


Фото: Општина Крива Паланка 

Остани поврзан