• сабота, 05 октомври 2024

Бројот на жртвите во рускиот напад на Полтава се искачи на 47

Бројот на жртвите во рускиот напад на Полтава се искачи на 47

Киев, 3 септември 2024 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека прелиминарните извештаи покажуваат дека градот Полтава, на истокот на земјата, бил погоден од две руски балистички ракети.

Според последните податоци што ги објави Олена Зеленска, бројот на жртвите се искачил на 47, а 206 лица се ранети, пренесе Би-Би-Си.

Претседателот на Украина претходно изјави дека во нападот загинале најмалку 41 лице, а 180 се повредени. Некои, додава тој, биле извлечени од под урнатините и спасени.

Зеленски изјави дека проектилите ја погодиле „територијата на образовна институција и блиската болница“.

Една од зградите на Институтот за комуникации е делумно уништена, рече тој, пренесува Би-Би-Си.

Руските канали на Телеграм јавуваат дека нападот погодил центар за обука на армијата и дека жртвите се кадети.

Ниту една од информациите не може независно да се потврди. јт/

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан