• вторник, 30 април 2024

Г7 го осуди иранскиот напад врз Израел и повика на воздржаност

Г7 го осуди иранскиот напад врз Израел и повика на воздржаност

Брисел, 14 април 2024 (МИА) – Лидерите на земјите-членки на Г7 на денешниот вонреден состанок го осудија нападот на Иран врз Израел и повикаа на „воздржаност“ од сите страни.

- Едногласно го осудивме нападот без преседан на Иран против Израел, напиша претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на Икс.

Ќе продолжиме со сите наши напори да работиме на деескалација. Завршувањето на кризата во Газа што е можно поскоро, особено преку итен прекин на огнот, ќе направи разлика“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан