• недела, 22 декември 2024

Венс ја обвини Камала Харис дека „лаже“ за менталните способности на Бајден

Венс ја обвини Камала Харис дека „лаже“ за менталните способности на Бајден

Вашингтон, 21 јули 2024 (МИА) - Републиканскиот кандидат за потпретседател на САД, Џеј-Ди Венс денеска ја обвини американската потпретседател Камала Харис дека „лаже“ за менталните способности на американскиот претседател Џозеф Бајден.

Венс тврди дека Харис „лажела речиси четири години за менталните способности на Бајден, оптоварувајќи ја нацијата со претседател кој не може да ја заврши работата“.

-Џо Бајден беше најлошиот претседател во мојот живот и Камала Харис беше таму со него на секој чекор од патот. Во последните четири години таа ја поддржуваше политиката на Бајден за отворени граници“, рече Венс, пренесе Си-Ен-Ен.

Венс на „Х“ напиша дека републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп е подготвен да ја спаси Америка, кои и да се демократските кандидати.

Пред објавата на Бајден дека се повлекува од кампањата за реизбор, Венс тврдеше дека претседателот треба да поднесе оставка доколку се повлече од трката за изборите на 5 ноември. Бајден претходно денеска се повлече од кампањата за реизбор на 5 ноември претседателски избори. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан