• сабота, 11 мај 2024

Г7 ги повика јеменските бунтовници да го ослободат екипажот и да го вратат запленетиот товарен брод Галакси

Г7 ги повика јеменските бунтовници да го ослободат екипажот и да го вратат запленетиот товарен брод Галакси

Токио, 29 ноември 2023 (МИА) - Министрите за надворешни работи на Групата седум најбогати либерални демократии (Г7) денеска ги повикаа бунтовниците Хути во Јемен „веднаш да престанат“ со закани за поморскиот сообраќај и да го ослободат екипажот на товарниот брод Галакси Лидер, кој го запленија во Црвеното Море пред десет дена.

-Ги повикуваме сите страни да не го загрозуваат или попречуваат законското остварување на правата и слободите на пловидба на сите бродови, се наведува во соопштението на министрите на Г7.

Групата ги повика јеменските бунтовници „веднаш да ги прекинат нападите врз цивилите и заканите за меѓународните бродски патеки и комерцијалните бродови и да го ослободат бродот, кој незаконски го запленија во меѓународните води на 19 ноември, и неговиот екипаж“.

Хутите, сојузници на Иран, го зазедоа трговскиот брод со 25 членови на екипажот како одмазда за израелската војна против Хамас во Газа.

Бродот Галакси Лидер е управуван од јапонска компанија, но припаѓа на британска компанија која и самата е во сопственост на израелски бизнисмен. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан