• вторник, 11 јуни 2024

Москва: Руските сили презедоа контрола над пет села во Харковскиот регион

Москва: Руските сили презедоа контрола над пет села во Харковскиот регион

Москва, 11 мај 2024 (МИА) - Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека неговите сили презеле контрола над шест села во источна Украина.

Министерството преку Телеграм објави дека се „ослободени“ украинските села Борисовка, Огрицеве, Плетенивка, Пилна и Стрилеча во областа Харков во близина на границата со Русија, како и селото Керамик во регионот Доњецк.

Стотици луѓе денеска беа евакуирани од регионот на Харков во близина на границата со Русија поради руската копнена офанзива.

Руските сили, кои беа истиснати од таа зона во североисточна Украина пред речиси две години, постигнаа низа мали напредоци во последните недели. 

Од украинска страна, гувернерот на Харковскиот регион, Олег Синегубов, денеска соопшти дека се евакуирани вкупно 1.775 луѓе и оти Русија во претходните 24 часа извршила артилериски напад врз 30 локации.

Регионот на Харков, вториот по големина град во Украина, е главно под контрола на украинските сили од септември 2022 година.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан