• понеделник, 18 ноември 2024

Украински проектил погоди ресторан во Доњецк под руска контрола, при што загинаа тројца

Украински проектил погоди ресторан во Доњецк под руска контрола, при што загинаа тројца

Москва, 11 мај 2024 (МИА) - Три лица загинаа, а осум се ранети денеска во украински напад врз градот Доњецк, кој е под руска контрола, на истокот на земјата, пренесе Бета.

-Директно погоден е ресторанот „Рај“, изјави преку Телеграм, Денис Пушилин, шеф на руските окупациски власти во тој регион.

Според Пушилин, ракета од американски ракетен фрлач Химарс директно го погодила ресторанот и оштетила други згради, а друга ракета погодила недовршена зграда во близина.

Доњецк, кој е под контрола на Москва, е многу блиску до линијата на фронтот и редовно е мета на украинските напади.

Руската армија денеска соопшти дека зазела пет села во Харковската област, исто така во источна Украина каде што спроведува копнена офанзива, и уште едно село во Доњецката област. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан