• вторник, 25 јуни 2024

Голем број загинати во поплавите во Авганистан

Голем број загинати во поплавите во Авганистан

Кабул, 11 мај 2024 (МИА) - Три авганистански провинции се погодени од разорни поројни поплави, соопштија денеска властите, додавајќи дека најмалку 153 лица загинале.

Провинцијата Баглан го сноси најголемиот дел од катастрофата. Официјалните лица се обидуваат да го утврдат точниот број на жртви, а Министерството за внатрешни работи соопшти дека има најмалку 153 загинати и уште 100 повредени.

Официјални лица во соседната провинција Тахару објавија за повеќе од 20 смртни случаи, додека провинцијата Бадакшан потврди два смртни случаи и две исчезнати лица. Поплавите предизвикаа уништување на имотот и земјоделството во сите погодени подрачја. мс/

фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан