• недела, 12 мај 2024

Градоначалникот на Делчево, Трајковски ја заврши посетата на Пиду, Швајцарија

Градоначалникот на Делчево, Трајковски ја заврши посетата на Пиду, Швајцарија

Делчево, 12 март 2024 (МИА) - Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски ја заврши посетата на Пиду, регион со најмногу иселеници по потекло од Делчево во Швајцарија. Во рамки на посетата која се реализираше на покана на здружението Пијанец и претставникот на Советот на општина Пиду, Марјан Маџовски, Трајковски оствари средба со градоначалниците на четири општини, на која беа дефинирани понатамошните чекори на заедничка соработка. 

-Остварена е првична средба со претставници на Општините Шебр, Рива, Сан Сафорин, кои ги претставија општините поединечно. На средбата се разменија доста искуства, а беа поканети од градоначалник во Делчево. Сакаме да ги продлабочиме односите со самите претставници на Општините, ги запознавме со нашето друштво Пијанец кое добро е прифатено од нивна страна, рече Маџовски.

Трајковски за време на посетата на Швајцарија, ја посети противпожарната единица од каде минатата година беше набавена противпожарна скала за потребите на ТППЕ Делчево. Исто така оствари посета и на станицата за сортирање отпад Дешатри, станица каде граѓаните сами го носат сортираниот отпад, кој потоа согласно неговата намена се искористува по пат на рециклирање или повторна обработка.

-Убаво е да се воспостави систем на ваков или сличен начин да се селектира отпадот од домаќинствата и во Делчево. Меѓутоа секако и културата на домаќинствата треба да биде на повисоко ниво и така би ја направиле Општина Делчево едно почисто место кое би заликувало на општините во Швајцарија, рече Трајковски.

Иселениците од Пијанец во Швајцарија, делчевскиот градоначалник ги запозна и со проектите кои се реализираат во Делчево, а во рамки на посетата го посети и заштитениот дел од УНЕСКО на Сан Сафорин, заедно со тамошната црква и локалниот музеј. вс/ир

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан