• четврток, 13 јуни 2024

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Скопје, 12 мај 2024 (МИА) - По официјалната церемонија на примопредавање на функцијата Претседател, претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова оствари тет-а-тет средба со нејзиниот претходник Стево Пендаровски и ги поздрави вработените во Кабинетот на Претседателот.

-На средбата Пендаровски ѝ честита на претседателката Сиљановска-Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех во извршување на функцијата. Двајцата соговорници го поздравија спроведениот изборен процес посочувајќи дека изборите беа израз на волјата на македонската јавност и ја демонстрираа демократската зрелост на нашата држава, соопшти претседателскиот Кабинет. хс/лв/

Фото: МИА 

Остани поврзан