Градоначалникот Гоцевски го посети семејството на првороденото во Делчево за 2026
- Првороденото новороденче во 2026 година во Општина Делчево е малата Ајлина која е родена на 7 јануари во штипската болница и е второ дете во семејството Беќирови од с. Тработивиште.
Делчево, 13 јануари 2026 (МИА) - Првороденото новороденче во 2026 година во Општина Делчево е малата Ајлина која е родена на 7 јануари во штипската болница и е второ дете во семејството Беќирови од с. Тработивиште. Градоначалникот Гоцевски денеска го посети семејството на Ајлина и честитајќи им ја радоста, тој им го подари традиционалниот подарок за првородено во годината, еднократен паричен износ од 10.000 ден.
– Првото новородено во годината е симбол на надежта, вербата и предвесник на новата генерација дечиња кои ќе се родат во годината која штотуку ја започнавме. Затоа ми претставува посебна чест и задоволство што денеска го посетив домот на малата Ајлина, родена на 7 јануари во болницата во Штип. На малата ѝ испраќаме желби за среќно и безгрижно детство, да донесе многу радост и гордост на семејството, но и на општината. Ја користам оваа прилика да им ја честитам радоста на родителите и им посакувам многу љубов и многу дечиња да им го развеселуваат домот, порача Гоцевски, додавајки дека подарок за новороденчето е обезбедено и од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.
Тој додаде дека Делчево се радува на секое новородено, бидејќи тоа е најголем дар за заедницата.
-Како одговорна општина продолжуваме да создаваме услови за секое дете да расте безгрижно и да има еднакви можности за развој. Општината ќе продолжи да создава мерки за поддршка на младите родители. На првороденото во годината исплаќаме еднократна парична помош во износ од 10.000 денари, додека за секое новороденче, еднократната финансиска поддршка од оваа 2026 г.е зголемена и ќе изнесува 4.000 денари, истакна Гоцевски
Минатата година во Делчево се родени 57 новороденчиња. Од нив 32 се женски, а 25 се машки. Општината за еднократен надомест за новороденчиња изводила околу 190.000 денари. вс/
Фото: Општина Делчево